За секое Ваше барање или информација контактирајте нѐ преку електронска пошта на info@hauzmajstor.com 

Преку нашиот Контакт центар 13434 

Преку апликацијата Контактирај го Хауз Мајстор Плус

или во нашите канцеларии на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15 секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.

Сакате да побарате понуда за услуги?

Водени од потребата за квалитетно и точно утврдување на потребите за услуги во Вашата станбена зграда, како и поради подобро информирање на заинтересираните станари за сите аспекти поврзани со управувањето и одржувањето на зградата, Ви овозможуваме во брза и едноставна постапка да се информирате за нашите пакети и да ги внесете бараните информации за Вашиот објект.

Во тој контекст Ве замолуваме да ги пополните задолжителните полиња (обележани со *), а доколку сакате да Ве информираме и за претпоставена вкупна месечна претплата на секој станар Ве молиме пополнете ги и останатите полиња.

По испраќање на барањето за понуда, одговорните лица за управување и одржување на станбени и деловни објекти од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на термин за увид на објектот и Ваше информирање за текот на постапката за избор управител.

Ви благодариме на Вашето одвоено време.

Доверете го управувањето и одржувањето на Вашата зграда на Хауз Мајстор Плус и станете дел од нашите задоволни корисници на услуги!

Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!

Вашиот објект е наша грижа!


Побарајте понуда за управување и одржување на Вашата зграда

Ваши податоци


 

 

Податоци за објектот

Месечни трошоци на објектот, а се однесуваат на заедничките простории


Со изборот на Хауз Мајстор Плус за управител на Вашата зграда, дополнително како сопственик на стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус добивате од 10% до 30% попуст за хаусмајсторски услуги во Вашиот стан и за професионалните услуги за чистење на станот.

Покрај услугите од пакетите, согласно бројот на станови во зградата а согласно избраниот пакет и потребите на станарите, Хаус Мајстор Плус Ви нуди и бесплатни услуги и услуги со попуст, кои детално можете да ги видите во услугата Управување со станбени згради.


 


captcha
Powered by BreezingForms

Услуга Е-СМЕТКА

Наместо во печатена верзија добивајте ја Вашата месечна фактура од Хауз Мајстор Плус на Вашата е-маил адреса. За таа цел е потребно да ја симнете и потпишете Согласноста за користење на услугата електронска сметка и истата да ни ја доставите на info@hauzmajstor.com

Со користење на услугата електронска сметка добивате:

  •    - Целосно бесплатна услуга
  •    - Побрз и попрегледен начин на сметката
  •    - Не можете да ја изгубите фактурата
  •    - Подобра можност за електронско плаќање

Со користењето на услугата Електронска сметка заеднички се грижиме за животната средина!

Извршете промена на сопственик 

Како корисник на нашите услуги обврската да извршите промена на корисник односно сопственик во нашата база на податоци е Ваша. Направете го тоа на брз и едноставен начин, со пополнување и потпишување на Барањето за промена на сопственост и истото заедно со документ што ја докажува промената на сопственоста доставете ни ги info@hauzmajstor.com со цел навремено евидентирање на промената и издавање на месечните сметки на новиот сопственик - корисник.

Промена на адреса за достава на месечните сметки

Поседувате стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус а не живеете во него?
Наместо да трошите време и енергија Ви препорачуваме да ја користите услугата Електронска сметка и месечните сметки да ги добивате во електронска форма.
Сепак, доколку сакате да ги добивате месечните сметки на адресата што Вам ви одговара можете да извршите промена на брз и едноставен начин. Пополнетото и потпишано Барање за промена на адреса за достава на месечните сметки доставете ни го info@hauzmajstor.com и бараната промена ќе биде извршена.

X

Right Click

No right click