ЧИСТЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ
Одржувањето на високо ниво на хигена во секој трговски центар или продажен објект претставува еден од основните приоритети кој сериозно влијае на имиџот на објектот. Без разлика на големината на трговскиот центар или продажен објект, Хауз Мајстор Плус се грижи за комплетното одржување на хигената на високо професионално ниво.
Со нашите современи машини за чистење на сите видови подови, квалитетни средства и професионален кадар, нудиме брза, ефикасна и квалитетна услуга на чистење која во целост ќе ги задоволи високите стандарди за хигена во трговскиот центар или продажниот објект. Согласно Вашите потреби, големината на објектот, фрекфенцијата на посетители и работното време Ви нудиме различен вид на реализација на оваа услуга (постојани, по неколку часа дневно и сл.)
Доколку сте заинтересирани за користење на овие услуги можете тоа да го направите преку апликацијата Побарај понуда за чистење на деловни објекти со напомена за чистење на трговски центри и продажни објекти или преку нашиот Контакт Центар 13434. Согласно Вашето барањето за понуда, одговорните лица за професионални услуги за хигиена од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на термин за увид на објектот и Ваше информирање за сите детали поврзани со бараната услуга.