ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ


podoviОдржувањето на подот во Вашиот станбен, деловен или производствен простор претставува посебна активност од причина што секој вид на под се одржува на посебен начин, посебни средства и третирање. Затоа Хауз Мајстор Плус Ви нуди професионална услуга за квалитетно машинско чистење на сите видови подови (епоксидни, мермерни, ламинати, плочки...).

Со користење на современи машини кои овозможуваат драстично поквалитетно и подетално чистење во однос на регуларното чистење, Хауз Мајстор Плус во рамки на оваа услуга врши и полирање на подните површини. 

Со нашите современи машини за чистење на сите видови подови, квалитетни средства и професионален кадар, нудиме брза, ефикасна и квалитетна услуга на чистење која во целост ќе ги задоволи Вашите потреби и барања за подот во Вашиот станбен или деловен простор.

Доколку сте заинтересирани за користење на овие услуги можете тоа да го направите преку апликацијата Побарај понуда за чистење на деловни објекти со напомена за машинско чистење на подови или преку нашиот Контакт Центар 13434. Согласно Вашето барањето за понуда, одговорните лица за професионални услуги за хигиена од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на термин за увид на објектот и Ваше информирање за сите детали поврзани со бараната услуга.