За секое Ваше барање или информација контактирајте нѐ преку електронска пошта на info@hauzmajstor.com 

Преку нашиот Контакт центар 13434 

Преку апликацијата Контактирај го Хауз Мајстор Плус

или во нашите канцеларии на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15 секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.

Сакате да побарате понуда за услуги?

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 

  • Дали има потреба да ангажираме компанија управител на нашата зграда?
    Согласно Законот за домување управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување наодлуките донесени од собирот на сопствениците на посебните делови во зградата - станарите,застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со целза функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови настанбената зграда. Во тој контекст, Законот предвидува управувањето и одржувањето на станбените згради да биде вршено од управител кој поседува лиценца што ја издава Регулаторната комисија за домувањеили заедница на сопственици за што сопствениците на посебнитеделови – станарите, се должни да донесат одлука со која ќе одлучат овие работи да ги вршиуправител или заедница на сопственици. Како компанија која поседува Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена од Регулаторната комисија за домување од 2012 година, Ве информираме дека врз основа на нашето долгогодишно искуство во оваа област е попрактично, поефикасно и покорисно да ангажирате компанија управител на Вашата зграда. Ова го велиме од причина што со ангажирањето на Хауз Мајстор Плус за управител на Вашата зграда добивате:одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект преку обединување на сите процеси поврзани со управување со објектите (сметководство, правни работи, контрола, хаусмајсторски работи и професионални услуги за хигиена), квалитетни и професионални услуги реализирани од професионално обучен и опремен персонал со современи машини и квалитетни средства за чистење, брза и ефикасна услуга, издавање на детални месечни фактури и навремено плаќање на сите фактури на зградата, постојана достапност за информации, интервенции и поплаки, одговорна грижа за средствата во резервниот фонд на зградата и наплатата на сметките од станарите, 100% гарантиран квалитет на услугите и користење на услугите од Хауз Мајстор Плус со намалени цени за корисницитево домувањето, поради попуститена нашите услуги и промоциите што ги реализираме за нашите редовни корисници во домувањето односно управувањето со станбени објекти.
  • На кој начин можеме да ја ангажираме Вашата компанија за управител на нашата зграда?
    Доколку сакате да не ангажирате за управител на Вашата зграда, тоа можете да го направите преку

    - нашиот Контакт центар 13434

    - е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    - апликацијата Побарај понуда за управување со згради

    - и во нашите канцеларии на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15, Скопје

    Нашите вработени веднаш ќе Ве контактираат за дополнителни информации поврзани со Вашата зграда и за информирање за пакетите и поволностите кои како компанија ги нудиме на нашите нови клиенти.

  • Која е сумата што треба да ја плаќа секој сопственик на стан доколку Вие сте управител на нашата зграда?
    Како компанија со долгогодишно искуство во оваа област сме секогаш фокусирани кон барањата и потребите на нашите клиенти. Сумата на месечната фактура што би ја добивале зависи од три компоненти:

    - Вашите барања за интензитет на чистење и тековно одржување на зградата(дали ќе биде еднаш, два пати, три пати или повеќе, евентуално ангажирање на домар, потреба за хортикултурно одржување, интензитет на техничко одржување – хаузмајсторски услуги и слично).

    - Променливите трошоци за електрична енергија, сервисирање и одржување на лифт, сметки за вода, набавка на потрошен материјал за техничко одржување,редовно вршење на поправки од помал обем на заедничките делови од Зградата,дополнителни хаузмајсторски услуги и слично.

    - Висината на месечниотнадоместок во резервниот фонд(средства кои се користат за потребите на станбената зграда, трошоци за одржување и потребните подобрувања предвидени во планот за одржување и за нужните работи на одржувањето.)

    Врз основа на нашето долгогодишно искуство, Хауз Мајстор Плус дефинираше 4 пакети за управување со различни видови и интензитет на услуги.

  • Како се реализира плаќањето?
    Плаќањето на трошоците на управување и тековно одржување како и надоместокот за резервниот фонд на зградата Хауз Мајстор Плус ги распоредува меѓу Сопствениците преку поединечни детални месечни фактури, во кои се транспарентно наведенисите поединечни месечни трошоци, поделени на секој сопственик на посебен дел. Месечните фактури се доставуваат на адресите на сопствениците во зградите кои ги управуваме а на барање на сопствениците и на друга адреса по поштенски пат.

    Со цел излегување во пресрет на барањата на сопствениците Хауз Мајстор Плус месечните фактури на барање на сопствениците (преку пополнување на согласност за електронска достава на фактури) ги доставува и по електронски пат на поединечни електронски адреси. Со ова сметките ќе ги добивате навремено, истите нема да се изгубат на пат до Вашето поштенско сандаче и доколку имате повеќе посебни делови во згради со кои управува Хауз Мајстор Плус, сметките ќе ги добивате на едно место.

    Плаќањето се реализира со уплата во банка, пошта или преку е-банкинг.

    Ценејќи го Вашето време Хауз Мајстор Плус Ви овозможува и он-лајн плаќање преку апликацијата Хауз Мајстор Плус Он Лајн.

  • Како се справувате со сопствениците на станови кои не ги подмируваат редовно обврските за плаќање?
    Редовната уплата на месечните обврски на станарите претставува законска обврска на сите сопственици на посебни делови во зградата и заеднички интерес на сите станари. Токму затоа Хауз Мајстор Плус се грижи за детална евиденција на уплатите од секој станар, детално ги евидентира заостанатите долгови, испраќа до сопствениците кои не ги исполниле своите обврски потсетник за плаќање, опомена за плаќање и дополнително преку електронска пошта и телефонски ги информира сопствениците на посебни делови за нивните неподмирени обврски. Согласно законските обврски и Договорите потпишани согласно Законот за домување, Хауз Мајстор Плус како крајна инстанца, кон оние сопственици на посебни делови кои и после потсетувањата и опомените за неподмирени долгови, пристапува кон покренување на законски постапки за присилна наплата на долг, преку нотар и извршител.
  • Зошто да го избереме Хауз Мајстор Плус за управник на нашата зграда?
    Како лиценцирана компанија за вршење на дејностите на управување со станбени згради според Законот за Домување, со лиценци од 2012 и 2017 година издадени од Регулаторна комисија за домување, Хауз Мајстор Плус од 2012 година го нуди својот професионализам во управувањето и одржувањето на станбените згради и становите, обезбедувајќи постојана исправност, безбедност и употребливост на сите делови на зградата како целина, естетски обликуваниот изглед, уредите, инсталациите и опремата на зградата, кои им служат на сите сопственици на станови, односно закупци на зградата.

    Доколку имате потреба од одговорен и посветен управител на Вашата зграда, Хауз Мајстор Плус е Ваш најповолен избор. Како управител на Вашата зграда Ви нудиме:

    • Одржување на хигиената во зградата на високо ниво со употреба на исклучително квалитетни средства.
    • Услуги од професионално обучен и опремен персонал.
    • Одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект.
    • Техничко одржување на заедничките делови во зградата преку вршење на поправки од помал обем (промена на светилки, приклучоци, поправка на влезна врата, поправка на прозори, замена на резервни делови и слично).
    • Контрола на квалитетот на услугата преку нашите супервизори.
    • 100% гарантиран квалитет на услугите.
    • Реализација на инвестициски проекти во зградата согласно Вашите барања и потреби.
    • Детален стручен увид пред превземање кој е основа за квалитетно одржување со објектот.
    • Изработка и спроведување на план за одржување на Вашата зграда.
    • Отчетно и детално фактурирање на месечните сметки за станарите и прецизна евиденција на Вашите уплати.
    • Одговорно подмирување на сите тековни трошоци на зградата.
    • Сметки без дополнителни и скриени трошоци.
    • Одговорна грижа за наплата на средствата преку нашиот Контакт центар и преку потсетници и опомени за заостанат долг или постапки за наплата на долг.
    • Транспарентно работење и постојано информирање на сопствениците во зградата.
    • Континуирано сервисирање на обврските на зградата кон трети лица.
    • Постојано достапни за информации, интервенции и поплаки преку Контакт центарот или е-маил.
    • Брза и ефикасна услуга и итни интеревенции во секое време.
    • Редовна комункација со  лиценцираните компании за сервисирање и одржување на лифтовите и ПП апаратите во зградата.
    • Целосна стручна административна поддршка при изработка на потребна документација за заедничките делови во зградата.
    • Постојани попусти и промоции за нашите клиенти.
    • Широка мрежа на надворешни реномирани партнери.

    Затоа Хауз Мајстор Плус е Вашиот најдобар и најповолен избор!

  • Можеме ли да ангажираме чистење на нашиот деловен простор по завршување на нашето работно време во 16 часот?
    Одговорот на Вашето прашање е Да.

    Хауз Мајстор Плус професионалните услуги за хигена, односно чистење на деловни и станбени објекти ги извршува преку целосно приспособување на Вашите барања и Вашето работно време.

    Во процесот на прифаќање на понудата за професионално чистење на деловните простории го дефинираме и терминот кој Вам најдобро Ви одговара за реализација на услугите.

  • Имаме потреба од чистење на канцелариски простор во Куманово? Дали работите во градови надвор од Скопје?
    Хауз Мајстор Плус своите професионални услуги за одржување на хигена и хаузмајсторски работи ги реализира во целата држава. Конкретно за Куманово Ве информираме дека подолг временски период реализираме услуги за професионално одржување на хигена во објекти на повеќе компании.
  • Имам потреба од хаусмајсторски услуги во мојот дом. За колку време може да дојде Вашиот тим на интервенција?
    Хауз Мајстор Плус Ви нуди комплетни хаусмајсторски услуги за Вашите потребни куќни поправки, брза и ефикасна хаусмајсторска интервенција и експресно решавање на Вашиот проблем со достапни цени и без дополнителни скриени трошоци. Согласно итноста на Вашето барање за интервенција во меѓусебен договор го дефинираме и терминот за интервенција од страна на нашите тимови. Доколку станува збор за итна потреба од интервенција нашите тимови можат веднаш во секој дел од денот да дојдат на интервенција во Вашиот дом.
  • На каков начин наплаќате при хаусмајсторски поправки?
    Цените на нашите услуги се фиксни, согласно претходно договореното, без било какви дополнителни и скриени трошоци. Хаусмајсторските поправки нашите одлично обучени, опремени, искусни и лиценцирани хаусмајстори ги реализираат во период од 08:00 до 20:00 часот, а за итни интервенции и поправки со секое време.

    Конкретно за Вашето прашање, наплатата на хаузмајсторските услуги се реализира врз основа на доаѓање и работа по час и евентуална дополнителна сума за вградени делови при поправката.

  • Која е цената за одржување на хигиена еднаш, два пати неделно или за чистење на стан?
    Хауз Мајстор Плус нуди професионални услуги за одржување на хигена во станбени, деловни простории, резиденцијални објекти и индустриски капацитети со 100% гарантиран квалитет и исклучително поволни цени. Цената на услугите за одржување на хигена ја дефинираме во соработка со клиентите а по претходен увид на просторот и дефинирање на интензитетот и начинот на чистење. За поконкретни информации можете да не контактирате и да добиете конкретна понуда.

Услуга Е-СМЕТКА

Наместо во печатена верзија добивајте ја Вашата месечна фактура од Хауз Мајстор Плус на Вашата е-маил адреса. За таа цел е потребно да ја симнете и потпишете Согласноста за користење на услугата електронска сметка и истата да ни ја доставите на info@hauzmajstor.com

Со користење на услугата електронска сметка добивате:

  •    - Целосно бесплатна услуга
  •    - Побрз и попрегледен начин на сметката
  •    - Не можете да ја изгубите фактурата
  •    - Подобра можност за електронско плаќање

Со користењето на услугата Електронска сметка заеднички се грижиме за животната средина!

Извршете промена на сопственик 

Како корисник на нашите услуги обврската да извршите промена на корисник односно сопственик во нашата база на податоци е Ваша. Направете го тоа на брз и едноставен начин, со пополнување и потпишување на Барањето за промена на сопственост и истото заедно со документ што ја докажува промената на сопственоста доставете ни ги info@hauzmajstor.com со цел навремено евидентирање на промената и издавање на месечните сметки на новиот сопственик - корисник.

Промена на адреса за достава на месечните сметки

Поседувате стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус а не живеете во него?
Наместо да трошите време и енергија Ви препорачуваме да ја користите услугата Електронска сметка и месечните сметки да ги добивате во електронска форма.
Сепак, доколку сакате да ги добивате месечните сметки на адресата што Вам ви одговара можете да извршите промена на брз и едноставен начин. Пополнетото и потпишано Барање за промена на адреса за достава на месечните сметки доставете ни го info@hauzmajstor.com и бараната промена ќе биде извршена.

X

Right Click

No right click