За секое Ваше барање или информација контактирајте нѐ преку електронска пошта на info@hauzmajstor.com 

Преку нашиот Контакт центар 13434 

Преку апликацијата Контактирај го Хауз Мајстор Плус

или во нашите канцеларии на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15 секој работен ден од 12:00 до 14:00 часот.

Сакате да побарате понуда за услуги?

Со цел квалитетно и точно утврдување на Вашите потреби за професионално одржување на хигиената во Вашата компанија, Хауз Мајстор Плус ценејќи го Вашето време Ви овозможува во брза и едноставна постапка да ни доставите барање за понуда за нашите професионални услуги за одржување на хигиена.

Во тој контекст Ве замолуваме да ја пополните апликацијата и по испраќање на барањето за понуда, одговорните лица за професионални услуги за хигиена од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на термин за увид на објектот и Ваше информирање за сите детали поврзани со одржувањето на објектот на Вашата компанија.

Ви благодариме на Вашето одвоено време.

Изберете поекономично, поквалитетно и професионално одржување на хигиената во Вашата компанија!

Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!


Побарајте понуда за професионално одржување на хигиената во Вашата компанија






Доколку Вашето барање се однесува за постојано одржување на хигиената:


captcha
Powered by BreezingForms

Услуга Е-СМЕТКА

Наместо во печатена верзија добивајте ја Вашата месечна фактура од Хауз Мајстор Плус на Вашата е-маил адреса. За таа цел е потребно да ја симнете и потпишете Согласноста за користење на услугата електронска сметка и истата да ни ја доставите на info@hauzmajstor.com

Со користење на услугата електронска сметка добивате:

  •    - Целосно бесплатна услуга
  •    - Побрз и попрегледен начин на сметката
  •    - Не можете да ја изгубите фактурата
  •    - Подобра можност за електронско плаќање

Со користењето на услугата Електронска сметка заеднички се грижиме за животната средина!

Извршете промена на сопственик 

Како корисник на нашите услуги обврската да извршите промена на корисник односно сопственик во нашата база на податоци е Ваша. Направете го тоа на брз и едноставен начин, со пополнување и потпишување на Барањето за промена на сопственост и истото заедно со документ што ја докажува промената на сопственоста доставете ни ги info@hauzmajstor.com со цел навремено евидентирање на промената и издавање на месечните сметки на новиот сопственик - корисник.

Промена на адреса за достава на месечните сметки

Поседувате стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус а не живеете во него?
Наместо да трошите време и енергија Ви препорачуваме да ја користите услугата Електронска сметка и месечните сметки да ги добивате во електронска форма.
Сепак, доколку сакате да ги добивате месечните сметки на адресата што Вам ви одговара можете да извршите промена на брз и едноставен начин. Пополнетото и потпишано Барање за промена на адреса за достава на месечните сметки доставете ни го info@hauzmajstor.com и бараната промена ќе биде извршена.

X

Right Click

No right click