ХАУСМАЈСТОРСКИ УСЛУГИ

Брзи и професионални хаусмајсторски услуги во Вашиот станбен или деловен простор. Поправки и интервенции од професионални хаусмајстори со гарантиран квалитетот на услугата!

Ви се расипа фасонката, имате проблем со бојлерот и расипаната батерија во бањата? Имате проблеми со прозорот и бравата на влезната врата? Ви се расипа механизамот на ролетната или електричниот шпорет? Имате потреба од итна поправка во Вашиот дом или Вашиот деловен простор? Хауз Мајстор Плус е решение за Вашите проблеми.

Со одлично обучени, опремени, искусни и лиценцирани хаусмајстори, со квалитетна и навремена интервенција во Вашиот дом, Хауз Мајстор Плус Ви нуди комплетни хаусмајсторски услуги за Вашите потребни куќни поправки и тоа:

  • Електричарски поправки.
  • Водоинсталатерски работи.
  • Столарски работи.
  • Молерофарбарски услуги.
  • Браварски работи.
  • Поправки и сервисирање на системи за греење и ладење.
  • Стакларски работи.
  • Паркетарски работи.
  • Градежни работи.

За нас не постои нерешелив проблем!

hauzmajstorski2Хауз Мајстор Плус Ви нуди комплетни хаусмајсторски услуги за Вашите потребни куќни поправки, брза и ефикасна хаусмајсторска интервенција и експресно решавање на Вашиот проблем со достапни цени и без дополнителни скриени трошоци.

Со цел поефикасно решение на Вашиот проблем и излегување во пресрет на Вашите потреби за брза и ефикасна интервенција, нашите хаусмајсторски тимови при посета на Вашиот објект, а согласно претходна комуникација со клиентот, со себе носат и потребни резервни делови или потрошен материјал за одредената поправка, со цени идентични на пазарните.

Дефинирањето на термин за посета на нашиот хаусмајсторски тим се врши во директна комуникација со клиентот.

Свесни дека за одредени проблеми е потребна итна и неодложна интервенција, Хауз Мајстор Плус Ви стои на располагање за хаусмајсторски работи преку услугатаХауз Мајстор Плус 24/7, во чии рамки реализираме итни интервенции во секој период на денот, во викенди и празници.

Побарајте понуда преку апликацијата Побарај понуда за хаусмајсторски услуги или преку нашиот Контакт Центар 13434. Согласно Вашето барањето за понуда, одговорните лица за хаусмајсторски услуги од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на точен термин за интервенција од нашите хаусмајсторски тимови и за Ваше информирање за сите детали поврзани со бараната услуга.

Изберете професионални поправки и интервенции од искусни хаусмајстори!

Изберете гарантиран квалитет на услугата!

Хауз Мајстор Плус – Твој домашен мајстор!