Поставени диспанзери и средства за дезинфекција на раце во зградите во општина Аеродром
- Напишано од Super User
Поставени диспанзери и средства за дезинфекција на раце во зградите во општина Аеродром
Хауз Мајстор Плус во рамки на повикот на општина Аеродром за доделување на средства за дезинфекција за раце и држачи за истите, се обрати и обезбеди од општината држачи и средства за сите згради со кои што управуваме во општина Аеродром.
Од страна на нашите тимови за техничко одржување, материјалите од општина Аеродром веднаш се монтирани во сите згради со кои управуваме на територијата на оваа општина, и истовремено станарите се известени да не информираат за потребата од достава на дополнителни средства преку овластените претставници во зградите.
Како одговорен управител, Хауз Мајстор Плус, и во следниот период продолжуваме со чистење со средства за дезинфекција два пати неделно на заедничките делови во зградите со кои управуваме, што како компанија го започнавме од 10.03.2020 година, во рамки на мерките и препораките поврзани со превенција од ширење на болеста COVID-19 и истовремено продолжуваме со реализацијата на вонредни прскања со средства за дезинфекција.
Да се однесуваме одговорно и со посебна грижа за јавното здравје!