ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС – Една компанија, решение за сѐ!
Вашиот објект е наша грижа!
Професионален и одговорен управител на Вашата зграда!

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com

КОНТАКТ
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН!

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ОНЛАЈН!

ПЛАТЕТЕ ЈА ВАШАТА ФАКТУРА ОНЛАЈН

ПОТРЕБЕН ВИ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН, ОДГОВОРЕН И ПОСВЕТЕН УПРАВИТЕЛ НА ВАШАТА ЗГРАДА?

ПОТРЕБЕН ВИ Е ПРОФЕСИОНАЛЕН, ОДГОВОРЕН И ПОСВЕТЕН УПРАВИТЕЛ НА ВАШАТА ЗГРАДА?

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС Е ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР!

ИЗБЕРЕТЕ ПОЕКОНОМИЧНО, ПОКВАЛИТЕТНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ВАШИОТ ДЕЛОВЕН ИЛИ СТАНБЕН ПРОСТОР!

ИЗБЕРЕТЕ ПОЕКОНОМИЧНО, ПОКВАЛИТЕТНО И ПРОФЕСИОНАЛНО ОДРЖУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА ВО ВАШИОТ ДЕЛОВЕН ИЛИ СТАНБЕН ПРОСТОР!

ВАШИОТ ОБЈЕКТ Е НАША ГРИЖА!

Професионални услуги за одржување на хигиена во деловен и станбен простор
Управување со станбени згради
Хаусмајсторски услуги
Промоции

Продолжено работното време за хаусмајсторски поправки до 20:00 часот

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Со цел излегување во пресрет на барањата на клиентите за услуги во термини кои за нив се најпогодни, Хауз Мајстор Плус воведе двосменско работење на хаусмајсторите со што нашите клиенти наместо до 16:00 часот, од 01.03.2019 година ќе можат да ги користат хаусмајсторските услуги од 08:00 до 20:00 часот.
Причина за оваа промена се зачестените барања од клиентите за создавање на можности за реализација на овие услуги во попладневните часови што за Хауз Мајстор Плус, претставуваше повеќе од доволна причина за продолжување на работното време на нашите хаусмајсторски тимови и зголемување на периодот за пружање на овој вид услуги.
Со воведувањето на оваа промена, нашите клиенти, хаусмајсторските услуги и потребните поправки ќе можат да ги добијат во термин кој најмногу одговара на клиентот и целосно приспособен според нивнотоработно време и обврски, откако претходно истите ќе ги пријават во нашиот контакт центар на 13434 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пак на бројот за итни интервенции +389 78 398788.
Како компанија која секогаш е фокусирана кон барањата и очекувањата на клиентите, Хауз Мајстор Плус и во идниот период ќе продолжи во соработка со клиентите да ги подобрува услугите и начинот на нивната реализација.

Зошто ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС е Вашиот вистински избор


 

Дел од нашите задоволни клиенти

 

 

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.15
1000 Скопје
Контакт центар 13434
Тел. +389 (0)2 3120 222
e-mail: info@hauzmajstor.com

Работно време

Пон 08:00 до 16:00 часот

Вто  08:00 до 16:00 часот

Сре  08:00 до 16:00 часот

Чет  08:00 до 16:00 часот

Пет  08:00 до 16:00 часот

Саб  08:00 до 13:00 часот

 

Професионалното управување со објектите и правилното одржување на имотот за нас претставуваат сериозна потреба од причина што создаваат исклучително значајна вредност на објектите. За таа цел ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС изминатите години посветено работи на концептот на професионално управување и одржување на  објекти - Facility management, кој според истражувањата овозможува заштеда до 30% од оперативните трошоци за управување, вредноста на недвижноста да не се намали повеќе од предевидената стапка на амортизација и кој обединува повеќе дејности со единствена цел - рационално, ефикасно и оптимално искористување на објектите, вклучувајќи ги луѓето, локациите, процесите и технологијата. 

  • Дефинирањето на Facility management како посебна мултидисциплинарна професија, започнува во САД на почетокот на осумдесетите години и подоцна истата започнува да се применува и во Европа во рамки на професионалното управување и одржување на објектите, деловните простории, болниците, хотелите и сите останати видови недвижности.

    Facility management во суштина претставува професионално управување и одржување на објектите, со опфат на сите потребни процеси и активности за управување и одржување, што сопственикот на објектот ги доверува на компанија надворешен соработник. Преку Facility management се решаваат сите прашања поврзани со управувањето и одржувањето на објектот помеѓу компанијата давател на услугата и корисникот сопственик на објектот, брзо и ефикасно се елиминираат проблемите што произлегуваат од тековното работење и за време на деловниот процес и се прилагодува услугата согласно барањата на клиентот а во целосна согласност со високите стандарди за квалитет на компанијата давател на услугите.    

    Facility management ги опфаќа следните услуги:

    • Комерцијално управување со објектот, што подразбира претставување на интересите на сопственикот на објектот пред закупците и државните институции во трговски и правен сегмент.
    • Техничко управување со објектот, што подразбира одржување на системот и опремата според стандардите на производителот, техничките барања и роковите за користење, набавка и попис на потрошен материјал и обезбедување на техничка и деловна документација пропишана со закон и договор со клиентот.
    • Инфраструктурно управување со објектот, што вклучува професионални услуги за чистење, домарска служба и обезбедување.

    Одберете Facility management од ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС и добијте комплетна професионална грижа за одржување и управување на Вашиот имот и зголемена вредност на Вашите објекти.

    Вашиот објект е наша грижа!

Водени од потребите на нашите клиенти, за опфат на сите сегменти во процесот на одржување на имотот, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС во соработка со нашите реномирани партнери од различни области, повеќе години го реализира концептот One stop shop, преку кој нудиме широка лепеза на професионални услуги во процесот на одржување на имотот.

Преку концептот One stop shop, ХАУЗМАЈСТОР ПЛУС нуди професионални услуги во следните области:

  • одржување на хигиена,
  • хаузмајсторски услуги (техничко одржување и куќни поправки)
  • обезбедување и видео надзор,
  • сервисирање и одржување на лифтови,
  • сервисирање и одржување на ПП апарати,
  • собирање на комунален смет,
  • чистење на снег,
  • хортикултурно уредување и одржување,
  • молерофарбарски услуги,
  • дезинфекција, дезинсекција и дератизација,
  • и перење теписи и чистење на тапациран мебел.