УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ


Потребен Ви е професионален, одговорен и посветен управител на Вашата зграда? Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!

building 783553 640Како лиценцирана компанија за вршење на дејностите на управување со станбени згради според Законот за Домување (со лиценца бр. 03-46/3 од 08.03.2012 год. издадена од Регулаторна комисија за домување), Хауз Мајстор Плус од 2012 година го нуди својот професионализам  во управувањето и одржувањето на станбените згради, обезбедувајќи постојана исправност, безбедност и употребливост на сите заеднички делови на зградата како целина, естетски обликуваниот изглед, уредите, инсталациите и опремата на зградата, кои им служат на сите сопственици на станови, односно закупци во зградата.

 

Доколку имате потреба од одговорен и посветен управител на Вашата зграда, Хауз Мајстор Плус е Ваш најповолен избор.

 Како управител на Вашата зграда Ви нудиме:

  • Одржување на хигиената во зградата на високо ниво со употреба на исклучително квалитетни средства.
  • Услуги од професионално обучен и опремен персонал.
  • Одговорно и професионално управување и одржување на Вашиот објект.
  • Техничко одржување на заедничките делови во зградата преку вршење на поправки од помал обем (промена на светилки, приклучоци, поправка на влезна врата, поправка на прозори, замена на резервни делови и слично).
  • Контрола на квалитетот на услугата преку нашите супервизори.
  • 100% гарантиран квалитет на услугите.
  • Реализација на инвестициски проекти во зградата согласно Вашите барања и потреби.
  • Детален стручен увид пред превземање кој е основа за квалитетно одржување со објектот.
  • Изработка и спроведување на план за одржување на Вашата зграда.
  • Отчетно и детално фактурирање на месечните сметки за станарите и прецизна евиденција на Вашите уплати.
  • Одговорно подмирување на сите тековни трошоци на зградата.
  • Сметки без дополнителни и скриени трошоци.
  • Одговорна грижа за наплата на средствата преку нашиот Контакт центар и преку потсетници и опомени за заостанат долг или постапки за наплата на долг.
  • Транспарентно работење и постојано информирање на сопствениците во зградата.
  • Континуирано сервисирање на обврските на зградата кон трети лица.
  • Постојано достапни за информации, интервенции и поплаки преку Контакт центарот или е-маил.
  • Брза и ефикасна услуга и итни интеревенции во секое време.
  • Редовна комункација со  лиценцираните компании за сервисирање и одржување на лифтовите и ПП апаратите во зградата.
  • Целосна стручна административна поддршка при изработка на потребна документација за заедничките делови во зградата.
  • Постојани попусти и промоции за нашите клиенти.
  • Широка мрежа на надворешни реномирани партнери.

Водени од потребите на нашите клиенти Ви нудиме различни пакети за управување и одржување на Вашата зграда односно на заедничките делови во зградата.  

ОСНОВЕН ПАКЕТ Ѕ

  • Метење на скали и ходник – еднаш неделно
  • Метење и мокро чистење на скали и ходник – еднаш неделно
  • Метење на простор пред влез – еднаш неделно
  • Бришење на ограда на скали, хидрантски кутии, ПТТ сандачиња и
    прекинувачи – еднаш неделно
  • Бришење на под во лифт – еднаш неделно
  • Бришење на лифт со средство за inox – еднаш месечно
  • Бришење на рамки и стакла на влезна врата- еднаш неделно
  • Техничко одржување (замена на светилки, прекинувачи,
    подесување на влезна врата и други ситни поправки) – еднаш
    месечно
  • Административни трошоци (сметководствени услуги, изготвување
    и достава на фактури и слично)
  • Одржување на сметка
  • Надомест за управител
  • Евиденција и постапки за наплата на долгови

    299 денари/месечно по станбена единица*

* + променливи трошоци за електрична енергија, сервисирање и
одржување на лифт, вода, вграден потрошен материјал и месечен
надомест за резервен фонд.

КОМФОРТ ПАКЕТ L

  • Метење на скали и ходник – еднаш неделно
  • Метење и мокро чистење на скали и ходник – два пати неделно
  • Метење на простор пред влез – два пати неделно
  • Бришење на ограда на скали, хидрантски кутии, ПТТ сандачиња и
    прекинувачи – еднаш неделно
  • Бришење на под во лифт – два пати неделно
  • Бришење на лифт со средство за inox – еднаш месечно
  • Бришење на рамки и стакла на влезна врата- еднаш неделно
  • Бришење на достапни стакла во заеднички простории – два пати
    годишно
  • Техничко одржување (замена на светилки, прекинувачи,
    подесување на влезна врата и други ситни поправки) – три пати
    месечно
  • Административни трошоци (сметководствени услуги, изготвување и
    достава на фактури и слично)
  • Одржување на сметка
  • Надомест за управител
  • Евиденција и постапки за наплата на долгови

    399 денари/месечно по станбена единица*

* + променливи трошоци за електрична енергија, сервисирање и одржување
на лифт, вода, вграден потрошен материјал и месечен надомест за резервен
фонд.

ПРЕПОРАЧАН ПАКЕТ М

  • Метење и мокро чистење на скали и ходник – два пати неделно
  • Метење на простор пред влез – два пати неделно
  • Бришење на ограда на скали, хидрантски кутии, ПТТ сандачиња и
    прекинувачи – еднаш неделно
  • Бришење на под во лифт – два пати неделно
  • Бришење на лифт со средство за inox – еднаш месечно
  • Бришење на рамки и стакла на влезна врата- еднаш неделно
  • Бришење на достапни стакла во заеднички простории – два пати
    годишно
  • Техничко одржување (замена на светилки, прекинувачи,
    подесување на влезна врата и други ситни поправки) – два пати
    месечно
  • Административни трошоци (сметководствени услуги, изготвување
    и достава на фактури и слично)
  • Одржување на сметка
  • Надомест за управител
  • Евиденција и постапки за наплата на долгови

    349 денари/месечно по станбена единица*

* + променливи трошоци за електрична енергија, сервисирање и одржување на лифт, вода, вграден потрошен материјал и месечен надомест за резервен фонд

ПАКЕТ СПОРЕД БАРАЊЕ НА СТАНАРИТЕ VIP

Свесни дека во одредени станбени или станбено-деловни објекти,
сопствениците имаат дополнителни барања и потреби во областа
на управување и одржување на заедничките делови во објектот,
Хауз Мајстор Плус остава простор во соработка со сопствениците
да се креира пакет во кој покрај услугите од останатите пакети
може да бидат додадени и дополнителни услуги како што се:
одржување на хигиената со поголем интензитет, ангажман на
домар, хортикултурно уредување и одржување, ентериерно
уредување и одржување на заедничките простории, ангажман на
обезбедување и слично.

Месечната цена на овој VIP пакет се дефинира по изборот на
деталните услуги во заедничка комуникација со сопствениците и
овластените претставници на зградата.

Со изборот на Хауз Мајстор Плус за управител на Вашата зграда, дополнително како сопственик на стан во зграда со која управува Хауз Мајстор Плус добивате од 10% до 30% попуст за хаусмајсторски услуги во вашиот стан и за професионалните услуги за чистење на станот.

Покрај услугите од пакетите, согласно бројот на станови во зградата а согласно избраниот пакет и потребите на станарите, Хауз Мајстор Плус Ви нуди и бесплатни услуги и услуги со попуст*.

До 20 станбени
единици

  • Молерисување на влезот
  • Поставување на корпа за отпад во влез
  • Изработка на нумерации за домофон
  • 15% попуст за генерално чистење при превземање на објект
  • 10% попуст за фарабање на внатрешна ограда на скали
  • Набавка и монтажа на нова огласна табла
  • Набавка и монтажа на држач за флаери
  • Нумерации на поштенски сандачиња
  • 10% попуст за молерисување на заеднички простории во зграда
  • Увид и детална изработка на план за одржување на зградатаi

Од 21 до 40 станбени единици

  • Поставување на сензор светилка во влез
  • Набавка и монтажа на држач за флаери
  • Набавка и монтажа на нова огласна табла
  • Нумерации на поштенски сандачиња
  • Увид и детална изработка на план за одржување на зградата
  • 15% попуст за молерисување на заеднички простории во зграда
  • Поставување на корпа за отпад во влез
  • Молерисување на влезот
  • Изработка на нумерации за домофон
  • 20% попуст за генерално чистење при превземање на објект
  • 15% попуст за фарабање на внатрешна ограда на скали

Од 41 до 60 станбени единици

  • Поставување на 3 сензор светилки
  • Молерисување на влезот
  • Поставување на корпа за отпад во влез
  • Нумерации на поштенски сандачиња
  • Увид и детална изработка на план за одржување на зградата
  • 15% попуст за молерисување на заеднички простории во зграда
  • Набавка и монтажа на држач за флаери
  • Набавка и монтажа на нова огласна табла
  • Изработка на нумерации за домофон
  • 20% попуст за генерално чистење при превземање на објект
  • 15% попуст за фарабање на внатрешна ограда на скали

Повеќе од 60 станбени единици

  • Поставување на корпа за отпад во влез
  • 20% попуст за генерално чистење при превземање на објект
  • 15% попуст за фарабање на внатрешна ограда на скали
  • Молерисување на влезот
  • Изработка на нумерации за домофон
  • Набавка и монтажа на држач за флаери
  • 15% попуст за молерисување на заеднички простории во зграда
  • Увид и детална изработка на план за одржување на зградата
  • Поставување на 5 сензор светилки
  • Набавка и монтажа на нова огласна табла
  • Нумерации на поштенски сандачиња

* Наведените бесплатни услуги и услуги со попуст се дефинираат во соработка со станарите а во согласност со избраниот пакет и увидот на објектот од страна на нашите тимови. Во секоја зграда се реализираат сите услуги со попуст и дел од наведените бесплатни услуги.

Побарајте понуда преку апликацијата Побарај понуда за управување со згради или преку нашиот Контакт Центар 13434. Согласно Вашето барањето за понуда, одговорните лица за управување и одржување на станбени и деловни објекти од нашата компанија ќе Ве контактираат со цел дефинирање на термин за увид на објектот и Ваше информирање за текот на постапката за избор управител.

Доверете го управувањето и одржувањето на Вашата зграда на Хауз Мајстор Плус и станете дел од нашите задоволни корисници на услуги!

Хауз Мајстор Плус е Вашиот вистински избор!

Вашиот објект е наша грижа!

Хауз Мајстор Плус една компанија, решение за сѐ!