Воспоставен Контакт Центар 13434

Рејтинг на корисник: 5 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвезда
 

Комуникацијата со постоечките клиенти како и со сите заинтересирани граѓани и компании за нашите услуги, за нас како компанија претставува еден од основните приоритети. Затоа, а со цел овозможување на полесен и побрз пристап до информации поврзани со нашата работа воспоставивме Контакт Центар со број 13434, на кој можете да се јавите и да пријавите одреден проблем, да побарате понуда или услуга или пак да се информирате за нашите услуги. Со вртење на бројот 13434 од страна на нашиот Контакт Центар, од едно место ќе ги добиете сите потребни информации поврзани со управувањето и одржувањето на Вашата зграда, фактури, долгови, план за одржување, ќе добиете информации поврзани со одржување на хигиената во Вашиот деловен или станбен објект, информации поврзани со работата на нашите хаусмајсторски тимови, информации за сите услуги кои ги пружаме на нашите клиенти и сл.
И покрај воспоставувањето на Контакт Центарот 13434 Ве известуваме дека и во иднина продолжуваме да комуницираме со Вас и преку нашата електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., преку директни средби и состаноци во нашите простории како и преку бројот за итни интервенции +389 78 398788 а продолжува да функционира и нашиот број 02/3120222.
Хауз Мајстор Плус – секогаш тука за Вас!

X

Right Click

No right click